ИАТА ја осуди забраната за внесување електронски уреди во авионите

Од:

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) ја осуди забраната за внесување поголеми електонски уреди на дирекните летови од девет земји со мнозинско муслиманско населние кон САД, оценувајќи ја како „неефикасна“ и како чекор кон „рестриктивни мерки и протекционизам“.

Станува збор за мерка што ја воведе Вашингтон, со која на патниците од девет земји од Блискиот Исток и Северна Африка им се забранува внесување во авионите на електронски уреди поголеми од мобилен телефон на директните летови кон аеродромите во САД,

Извршниот директор на ИАТА, Александр де Жињак оцени дека се сомнева оти ваквата мерка ќе биде ефикасна во рамки на напорите за спречување терористички напади.

ИАТА е глобална организација во која членуваат околу 270 авиокомпании, кои покриваат 94 отсто од вкупните редовни авионски линии во светот. Седиштето на ИАТА е во канадскиот град Монтреал.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас