Британската Влада не го прифаќа барањето на Шкотска за нов референдум

Од:

Шкотските пратеници гласаа денеска да му се овозможи на првиот министер Никола Старџен да поднесе официјално барање до британската Влада за одржување нов референдум за независност на Шкотска.

За поднесување на барањето за одржување нов референдум гласаа 69 пратеници, додека 59 беа против.

За организирање референдум е потребно одобрение од британската Влада.

Најновите анкети покажуваат поддршка за независност на Шкотска од 46 отсто испитаници, што е најмногу од 1999 година откако се спроведува такви анкети.

Од друга страна, британската Влада соопшти дека нема да влезе во преговори за предлогот на шкотската Влада за нов референдум за независност.

– Би било неправедно кон народот во Шкотска да се бара од нив да донесат клучна одлука без неопходни информации за нашиот иден однос со Европа или за тоа како би изгледала независна Шкотска, се вели во соопштение од британската Влада.

Британската премиерка Тереза Меј најави денеска дека утре ќе го активира Членот 50 од Лисабонскиот договор со кој се покренува процес за излез на Британија од Европската унија по 44 години членство и да се почнат преговори кои се очекуваат да траат две години.

Старџен изјави минатата година дека Шкотска е принудена да ја напушти ЕУ против својата волја.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП