Велика Британија формира заеднички економски и трговски комитет што треба да отвори пат за склучување трговски договор меѓу Британија и Катар и останати заливски држави, по Брегзит, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј.
Според неа, Британија сака да ја продлабочи соработката со Катар во областа на одбраната, образованието, здравството, енергетика и финансиите.
Премиерот на Катар, Андулах бин Насер бин Калифа Ал Тани изјави дека заливските држави планираат да инвестираат една милијарда фунти во Велика Британија.