А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Тео Зомер е лошо информиран за ситуацијата во Македонија

by А1он28/03/2017 - 17:1428/03/2017 - 17:15107
Share0

ВМРО-ДПМНЕ писмено реагира на објавата на Ди Цајт.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Поранешниот уредник во весникот „Ди Цајт“ Тео Зомер, очигледно е лошо информиран за ситуацијата во Република Македонија. Неговата перцепција на политичката состојба е целосно искривена и воопшто не се разликува од перцепцијата на аболицираниот криминалец Зоран Заев кој се обидува да ја изигра и изманипулира волјата на народот, прифаќајќи платформа изготвена во друга држава која не ја добила поддршката од граѓаните на избори.

Зомер или не знае или намерно лаже и го прикрива фактот дека на изборите на 11 декември победи токму ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинството граѓани гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Мнозинството граѓани се произнесоа и во врска со начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и илјадниците проекти кои што ги реализираше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

После изборите, како што беше најавено и во албанските медиуми, Владата во Тирана раководена од Премиерот Еди Рама, заради загриженост од намалениот број на освоени пратенички места на албанските партии, работеше на изготвување на платформа која би ги обединила партиите на етничките албанци околу одбрана на нивните национални интереси. Оваа платформа беше потпишана од партиите на етничките албанци во Тирана на Божик, 07.01.2017 година.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пред фактите и боговите молчат.

Оваа платформа која е противуставна и која содржи исклучително опасни елементи кои водат во редефинирање на сегашната мултиетничка Република Македонија во бинационална држава за ВМРО ДПМНЕ беше целосно неприфатлива како основа за водење на какви било разговори за владино коалицирање. ВМРО ДПМНЕ ниту тогаш, ниту сега се согласува со барањата за официјализирање на албанскиот јазик на целата територија, менување на банкнотите и униформите или во контекст на платформата отворање дебати околу националните обележја знамето, грбот и химната. ВМРО ДПМНЕ не се согласува ниту со идеите за кантонизација или федерализација, ниту пак со мислењата дека треба да се менува нашето уставно име и идентитет по теркот на грчките барања и условувања влез во ЕУ и НАТО. Ние сме партија чија стратешка определба е влез на Македонија во Еу и Нато, но со фер компромис со Грција, а не со уцена и еднострано решение.

Ние сме партија која во историјата независна Македонија покажа најголеми резултати во борбата против криминалот и корупцијата, додека токму сдсм го одбележува времето кога криминалот и корупцијата цветаа во земјата.

Како што потврдија и од албанските партии, но и самиот Заев, за СДСМ тиранската платформа била прифатлива и СДСМ гледал позитивно кон сите нејзини аспекти. Тоа е основната причина поради која што со постизборен инженеринг, мнозинството Македонски гласачи треба да бидат истерани во опозиција и нивната политичка волја да биде занемарена.

ВМРО ДПМНЕ смета дека новинарот Зомер треба да се извини за изречените невистини, бидејќи ваквите манипулации не помагаат при изнаоѓањето излез од актуелната состојба. Ваквите лажни вести нема да ја поколебаат ВМРО ДПМНЕ да отстапи од одбраната на волјата на мнозинството граѓани и од одбрана на највисоките државни и национални интереси.

Сакал да ја види новинарот на Ди Цајт реалноста или не, таа е следна.

Народот е на нозе.

Македонија се буди.

Граѓаните не се согласуваат со антидржавната и антинационална политика на лидерот на СДСМ и со постизборното подметнување на туѓи агенди“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

Горан Наумовски15/05/2026 - 09:04

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

Горан Наумовски13/05/2026 - 09:04

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:03

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 10:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто