(ВИДЕО) Шилегов: Милошоски бесмислено се обидува да го наметне Груевски како фактор

Од:

Милошоски два дена бесмислено се обидува да го наметне Груевски како некаков фактор, политичарите како нив не можат да бидат дел од решението, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој истакна дека постои договор за промена на квалитетот на животот на граѓаните, граѓански договор кој е против изолација на Македонија од ЕУ и НАТО и договор за реформи во државата.

-Договорот е на 800.000 граѓани преточен во 67 пратеници од сите партии во Собранието освен од ВМРО-ДПМНЕ, рече Шилегов.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предложи ВМРО-ДПМНЕ да се помири со тоа дека е опозиција и да престане да го кочи Парламентот и реформите.

Спикерот Трајко Вељаноски ја прекина седницата и ги повика сите политички партии на координација. Седницата ќе продолжи во 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите