Од куќа во Арачиново украдени 120.000 евра

Од:

Три непознати маскирани лица извршиле разбојништво во куќа во скопското село Арачиново и одезеле актовка во која имало 120.000 евра.

Како што соопшти денеска МВР, случајот изутринава во 5.15 часот телефонски во ЕИК го пријавил Б.С. (20) од Арачиново. Кражбата била извршена во куќата на неговиот татко.

Крадците влегле преку незаклучената врата и отишле во спалната соба во која спиел неговиот татко И.С. (45), го разбудиле со закана со пиштол, по што отишле во собата каде спиел Б.С. и од под креветот одзеле актовка во која имало 120.000 евра заедно со документ дека се подигнати од банка.

Парите потекнувале од продажба на недвижен имот (нива) од пред два месеци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма