Аврамопулос задоволен од предусловот – прво името па датум

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи по состанкот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Брисел синоќа изрази задоволство „за посветеноста на Европа кон проширувањето“ и за одлуката за Македонија да се реши прашањето за името пред да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

– Отворањето на пристапните преговори со Македонија, не е технократско прашање, туку чисто политичко, рече тој истакнувајќи дека исходот од состанокот на ГАК е потврда на довербата во Грција и покажува цврста посветеност на принципите и позициите – а тоа е дека почитувањето на добрососедските односи е предуслов кој мора да се исполни.

Аврамопулос рече дека ставовите и мислењата на Грција на состанокот ги поддржале многу земји со доминантна улога во регионот и во процесот за проширување.

– Во заклучоците што ги усвоивме денеска постигнавме значителен напредок кој може да дејствува како катализатор. За првпат решавањето на прашањето за името е јасно, со едногласна одлука на Советот, поставено како предуслов за почеток на пристапните преговори за пјРМ. Прашањето за името е клучен елемент, со јасни услови, за исполнување на критериумите за добрососедски односи, изјави грчките министер.

Тој информира дека Советот ќе го употреби извештајот на Европската комисија кој се очекува на пролет, за да изврши проценка на чекорите кои Македонија треба да ги преземе за да најде решение за името во рамките на преговорите што се водат во ОН, и оти пристапните преговори ќе почнат само откако ќе се најде решение.

– ЕУ денеска зборуваше во еден глас и испрати јасна порака до Скопје. Тоа е позитивна и искрена порака. Се надеваме дека Скопје ќе ги преземе неопходните чекори и на конструктивен начин ќе учествува во преговорите што се водат под покровителство на ОН, изјави Аврамопулос синоќа во Брисел.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

А1он