Водостоите на реките во Македонија се под просекот за март, покажува неделната хидролошка состојба.
Според мерењата на УХМР, потпросечни се нивоата на Вардар кај Скопје, Велес, Јегуновце и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Штип, на Сатеска кај Ботун и на Струмица кај Сушево.
Драстично пониски од просекот се водостоите на Црн Дрим кај Ложани и на Црна кај Новаци.