Познати четвртфиналните двојки кај тенисерките на турнирот во Мајами

Од:

Познати се осумте тенисерки кои ќе играат во четвртфиналето на ВТА турнирот во Мајами. Последна место во четвртфиналната фаза избори Венус Вилијамс (САД) која ноќеска ја победи Русинката Светлана Кузнецова со 2-0, по сетови 6:3 и 7:6.

Пртеходно во текот на ноќта победи забележаа Симона Халеп и Јохана Конта. Овие две тенисерки меѓу себе ќе играат во четвртфиналето.

Венус Вилијамс за место во полуфиналето ќе има меч со првата носителка на турнирот, Германката Анџелика Кербер.

Другите две четвртфинални двојки се: Каролине Возниацки (Данска) – Луси Сафарова (Чешка) и Мирјана Лучиќ-Барони (Хрватска) – Каролина Плискова (Чешка).

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата