Европската унија би требала да го разгледа воведувањето визи за официјални претставници на африкански земји, кои одбиваат да ги примат назад нелегалните имигранти од Европа, изјави вчера германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.
На состанокот на ЕУ во Брисел, Де Мезиер истакна дека Европа би требала да ги користи сите мерки кои ги има на располагање со цел да ги депортира сите оние на кои не им е одобрен азил.
Со оглед на тоа дека стотици мигранти пристигнуваат во Европа секоја година, европските влади изразија незадоволство поради тоа што некои африкански земји, одбиват да ги преземат своите граѓани, кои не ги исполнуват условите за статусот на бегалците, туку ги уништуваат нивните документи и со тоа го отежнуваат процесот на депортација.
– Доколку земјата не е подготвена да ги прими назад своите граѓани, мора да сфати дека визната политика, која овозможува патување по Европа, веќе не е толку дарежлива како порано, можеби дури и за државното раководство, рече Де Мезиер.