Руската државна банка „Внешекономбанк“, што е подложена на санкции од САД поради анексијата на Русија во Украина, соопшти синоќа дека нејзиниот извршен директор во декември минатата година разговарал со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Кушнер (36), кој е во брак со ќерката на Трамп – Иванка, прифати доброволно да одговори на прашањата пред Комисијата за разузнавање во Сенатот, што ја разгледуваше наводната вмешаност на Русија во изборите во САД во 2016 година.
– Како дел од подготовките за новата стратегија, извршниот директор на „Внешекономбанк“ со состанал многупати во 2016 година со претставници на водечки финансиски институции во Европа, Азија и Америја, стои во соопштението на банката.
Во соопштението се наведува дека извршниот директор остварил средби со многумина претставници на најголеми банки и бизнис претставништва на САД, вклучително и со Џаред Кушнер, раководителот на компанијата „Кушнер“.
Кушнер се уште нема дадено коментар за ова соопштение.
„Внешекономбанк“ одби да посочи каде и кога се одржала средбата.