Велика Британија ќе изведе голема контратерористичка вежба во октомври во делови Шкотска и северна Англија, изјави денеска премиерката Тереза Меј, неколку дена по нападот во Лондон, при што загина четири лица.
– Британската Влада ја смета националната безбедност ширум Обединетото Кралство за врвен приоритет. Операциските обуки како оваа ќе имаат значајна улога во обезбедување одговор на полициските сили и други одговорни агенции кои се целосно во состојба да ги користат најновите разузнавачки податоци и ресурси на британските безбедносни сили со намера да го заштитат народот од тероризам каде било на наша територија, посочи Меј.
Таа додаде дека такви вежби се изведуваат редовно.