А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СЗДМ: Нови терапии за дијабетичарите, редовна дистрибуција на инсулин и регистар

by А1он27/03/2017 - 15:48330
Share0

Разгледување на можностите и условите за имплементација на нови иновативни инсулински и таблетарни терапии за дијабетичарите, отстранување на проблемот во сервисот на дистрибуција на инсулинската терапија до инсулинските аптеки и детален регистар на лица со дијабетес и транспарентен пристап до него, бараат од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) кои денеска ја презентираа нивната програма за годинава.

Добивај вести на вибер

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Бојан Киров изјави дека новите иновативни инсулини се со подолготрајно дејство, значат олеснување за дијабетичарите односно има помал број боцкања и овозможуваат стабилно ниво на шеќер во крвта.

Посочи дека имплементирањето нови иновативни лекови можеби ќе биде протолкувано како зголемување на трошоците во буџетот, но, појасни, ако подетално се навлезе во проблемот на долг план користење на веќе подстарени терапии создава несакани компликации од дијабетесот кои долгорочно гледано ја оптоваруваат државната каса. Тие компликации, истакна, повторно треба пациентите да ги решаваат со интервенции кои би биле дополнителни трошоци за државата и Министерството за здравство.

– Воведувањето нови иновативни терапии – инсулински и таблетарни сметам дека ќе им овозможи многу подобра регулација на нивото на шеќер во крвта на сите лица со дијабетес, рече Киров.

Оваа година, нагласи, Сојузот ќе посвети особено внимание на следењето на состојбите со дистрибуцијата на инсулинот до инсулинските аптеки, проблем кој беше присутен во изминатиот период во државата. Потенцира дека во соработка со Министерството за здравство, ФЗОМ и сите останати институции кои се засегнати, ќе се обидат да изнајдат начин овие недостатоци во сервисирањето до инсулинските аптеки да бидат отстранети.

Според него, инсулинот за дијабетичарите е од животно значење и недопустливо е тоа да се случува и натаму.

– Ќе посветиме внимание на транспарентноста до достапноста до регистарот на лицата дијабетес. Тоа е информација од јавен карактер. Според законот за достапност на информации од јавен карактер таа информација е битна за нас како Сојуз, бидејќи на тој начин ќе знаеме колку луѓе застапуваме, ќе знаеме како да ги спроведуваме планот и програмата за годинава и ќе можеме нашите барања кон Министерството за здравство да ги насочуваме, додаде Киров.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во Србија и Хрватска се имплементирани најновите иновативни терапии за дијабетичарите.

– Заостануваме во поглед на околните балкански држави. Се надевам дека со Министерството за здравство ќе најдеме некој заеднички јазик и ќе успееме постепено да ги имплементираме и најновите инсулински и таблетарни терапии, додаде Киров.

dijabetes

Би можело да ве интересира

Над половина милијарда лица со дијабетес во светот – Македонија со речиси 141 илјада случаи, една третина остануваат недијагностицирани

Катерина Ѓуровски14/11/2025 - 10:28

Оваа година е најтешка за нас велат дијабетичарите

Катерина Ѓуровски14/11/2023 - 13:44

Протест на здруженијата на дијабетичари: Да се смени моделот на набавки за да нема доцнења

Катерина Ѓуровски21/07/2023 - 21:30

Лани во земјава 7432 новозаболени од дијабетес

А1он12/11/2021 - 15:00

Лицата со дијабетес сè уште чекаат на сензорите за безболно мерење гликемија

Катерина Ѓуровски18/07/2021 - 09:3118/07/2021 - 09:45

Здруженијата на дијабетичари бараат итно решавање на проблемот со недостиг на инсулин

Ана Ололовска09/12/2020 - 14:3210/12/2020 - 00:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен