СДСМ: Груевски може да бега од државата, но не може да избега од реалноста

Од:

„Првата работа која пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја направат на денешната Седница е да им објаснат на граѓаните зошто Никола Груевски не е во Собранието и ја напушти државата.

Со денешното бегство од Македонија, Никола Груевски уште еднаш докажа дека не го интересира државата, туку единствено му е важно да избега од одговорност. На денот кога Македонија треба да добие нов претседател на Собранието, Груевски ја напушти државата покажувајќи дека државните интереси му се апсолутно небитни.

Откако со недели внесуваше раздор и поделби, откако ги попречуваше демократските промени, Груевски на крајот, не можејќи да се помири со новата реалност реши да избега од државата.
Бегството на Груевски, слично како и неодамнешното бегство на Ѓорѓе Иванов докажува дека тие немаат ниту минимум чувство за државата. Целокупното неодговорно и незаконско однесување на Груевски и Иванов е само очаен обид за спречување на промените и заштита на неколкумина од одговорност за децениското криминално владеење.

Со или без Груевски во државата, Македонија ќе добие нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните предводена од СДСМ, која ќе се води од потребите и проблемите на граѓаните. Затоа што така одлучи мнозинството граѓани и тоа е реалноста од која Груевски не може да избега“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците