Милошоски: Претседател на Собранието не смее да биде аболициран криминалец и некој кој се залага за платформата

Од:

Согласно волјата на народот, претседател на Собранието треба да биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Антоио Милошоски од собраниската говорница.

Тој смета дека доколку претседател на парламентот биде од нивните редови, тоа ќе биде согласно принципите, а исто така тој мора да го претставува победникот.

– Оваа Комисија за избори и именување која деновиве ќе работи мора да биде морална и етичка, бидејќи во нејзе се расправаат крупни прашања. Кандидат за претседател на Собранието не смее да биде аболициран криминалец или некој кој нема интегритет да одбие туѓи платформи. Претседател на Собранието треба да е личност која не се залага за ревизија на Охридскиот рамковен договор, рече Милошоски.

Тој кажа дека Рамковниот договор е договор на меѓународната заедница и на внатрешните структури за мир и дека секоја натамошна ревизија отвара ризици, замки и пандорини кутии кои може да доведат нестабилност.

Според Милошоски, нема демократија во која победничката партија се носи во опозиција.

– Тоа не е демократија, а ние сме тука да ја браниме демократијата, рече тој.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието