Во Кочани уметнички портрет на Јордан Плевнеш

Од:

Во организација на средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и Центарот за култура „Бели мугри“ синоќа во Кочани се одржа уметнички портрет на македонскиот писател Јордан Плевнеш насловен „Македонски состојби“.

Настанот се реализира по повод изборот на Плевнеш за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Пред поголем број посетители и љубители на драмската литература и уметност, за творештвото на Плевнеш зборуваше Доне Донев, професор по литература во кочанската гимназија, кој посебно ја истакна врската на Кочани со творештвото на Плевнеш.

– Кочани е првиот град во којшто ги започнуваме свеченостите по повод изборот на Јордан Плевнеш за академик бидејќи во драмското дело „Македонски состојби“ презентирано на повеќе јазици во светот, Плевнеш е инспириран од познатото семејство Поп Иванови, од таткото Стефан Поп Иванов и неговата ќерка Малина Поп Иванова, Македонци кои со својата револуционерна работа се истакнале на почетокот на 20 век, а потекнуваат токму од Кочани, истакна Донев.

Во рамки на уметничкиот портрет беше изведен и перформанс според текстови од авторот од студенти по актерска игра од класата на професор Мето Јовановски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје – Париз – Есен – Ротерам.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска