А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Грција спречи Македонија да добие датум за почеток на преговори

by А1он11/12/2012 - 21:46147
Share0

Грција успеа во намерата да спречи Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Маратонскиот состанок на Советот за општи работи, вечерва заврши со заклучок без датум и скрининг за нашата земја, иако Европската комисија и коемсарот за проширување Штефан Филе годинава по четврти пат побараа Македонија да ги отпочне преговорите, посебно што ги исполнува сите реформи што ЕУ ги бара од неа, пренесува МИА.

Наместо датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија во јуни 2013 година и снимање на поглавјата 23 и 24, министрите за надворешни работи и за европски прашања под притисок на Грција и делумно на Бугарија, на крајот го договориле следното:

„Со оглед на евентуалната одлука на Европскиот совет за отворање на преговори за членство со Поранешната југословенска Република Македонија, Советот, врз основа на извештајот што ќе биде презентиран од страна на ЕК пролетта во 2013 година, ќе го испита спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво, како и преземените чекори за промовирање на добрососедските односи и постигнување на компромисно и взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН“, се наведува во заклучокот на ГАК, каде притоа се додава дека во оваа перспектива, Советот ќе го оцени извештајот во текот на следното претседателство со Унијата.

Следете a1on на Youtube YouTube
euimeto

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Горан Наумовски03/06/2026 - 08:25

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 19:58

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

Горан Наумовски31/05/2026 - 20:44

Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Горан Наумовски31/05/2026 - 17:08

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ

Горан Наумовски30/05/2026 - 11:19

Русија го информира ОБСЕ дека Москва и Западот се блиску до воен конфликт

Горан Наумовски27/05/2026 - 20:5427/05/2026 - 20:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто