САД ги осудија апсењата на стотици руски демонстранти

Од:

САД ги оценија синоќа како навреда на демократијата апсењата на стотици лица, кои во Русија протестираа против корупцијата.

Во Москва над седум илјади лица учествуваа во протестот, според податоци на полицијата.

– САД остро ги осудуваат апсењата на стотици мирни демонстранти во Русија, изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.

– Апсењата на мирни демонстранти, набљудувачи на човекови права и новинари е навреда на основните демократски вредности, додаде тој.

Меѓу уапсените е рускиот опозиционер Алексеј Навални, организатор на протестот.

Тонер нагласи дека САД се загрижени поради апсењето на Навални една година пред претседателските избори во Русија, на кои тој планира да се кандидира.

– САД ќе ја следат ситуацијата. Ја повикуваме руската Влада итно да ги ослободи мирните демонстранти. Русите, како и сите други луѓе, заслужуваат Влада, која ја почитува слободата на мислата, транспарентноста и одговорното владеење, еднаквноста пред законот и можноста да се остваруваат правата без страв и репресија, додаде тој.

Полицијата соопшти дека во Москва се уапсени 500 лица, но според невладина организација, специјализирана за набљудување протести, уапсени се најмалку 933 лица. Во Санкт Петерсбург протестирале четири илјади лица, а уапсени се 130.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Седумгодишно дете доби понуда за работа од руска ИТ компанија

А1он

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија