ВИДЕО: Македонија се приклучи на глобалната акција „Часот на планетата Земја“

Од:

Македонија вчеравечер се приклучи на глобалната акција „Часот на планетата Земја 2017“ и во времетраење од еден час го исклучи осветлувањето на повеќе објекти и локации низ земјата.

Фотографијата #EarthHourMK направена на Водно во Скопје објавена од „Часот на планетата Земја“ е прогласена за најубава слика направена за акцијата низ цел свет, информираат од здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја – Скопје“.

За акцијата во Македонија е направена и посебна видео компилација со инсерти од исклучувањата во Скопје и Охрид, но и со дел од најмладите поддржувачи на акцијата од нашата земја, кои на англиски јазик велат „Промени ги климатските промени!“ и „Заблескај светлина на климатските промени!“

Според главниот организатор на акцијата во Македонија Ѓорги Селков, Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена.

– Скопје и Охрид уште еднаш се вклучија во фамилијата на големи светски метрополи кои го одбележаа Часот на планетата Земја. Во нашиот медиа центар пристигнаа голем број на фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата држава и сме навистина среќни што охрабривме толку голем број на луѓе да ги исклучат светилките во своите домови.! Ова немаше да биде успешно без поддршката на Градот Скопје, Градот Охрид и Црвениот крст на Република Македонија, изјави Селков.

Акцијата „Часот на планетата Земја 2017“ се спроведува во 170 држави низ светот со симболично исклучување на светилките во времетраење од еден час како порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени. Акција ја признава и ја промовира Македонија под нејзиното уставно име.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска