Ресенчанец сечејќи дрво паднал и починал

Од:

Триесет и шестгодишен ресенчанец вчера починал во несреќен случај сечејќи дрва, соопшти МВР.

Во полициската станица Ресен вчера околу 13:10 часот било пријавено дека во село Долно Перово дошло до несреќен случај во кој Р.Т. (36) од Ресен починал. Несреќата се случила кога Р.Т. сечел на дрва, односно додека стоел на гранка и сечел друга гранка во еден момент гранката се скршила и го потиснала за стеблото, по што починал.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од ПС Ресен. Со согласност на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип