Неколку стотици демонстранти, кои протестираат против египетскиот претседател Мохамед Морси, успеаја денеска да поминат преку контролниот пункт, кој се наоѓа во близина на претседателската палата во главниот град Каиро.
Тие ги отстранија бетонските блокови и металните бариери, кои биле поставени за да ги спречат.
Демонстрантите моментално се наоѓаат на безбедносно растојание околу комплексот, кој е обезбедуван од војници со тенкови.