Конечното решение за отпуштање на финансиската помош за Кипар ќе биде донесена, откако најголемиот инвестициски фонд во светот Пимко ќе ги објави резултатите од својата анализа за капитални потреби за кипарските банки.
Се очекува извештајот на Пимко да се појави кон средината на јануари, пишува денеска весникот „Филелефтерос“.
Портпаролот на еврокомесаерот Оли Рен изјави во Брисел дека првите податоците од меѓународниот извештај на Пимко се проучуваат, но конечните оценки од него ќе бидат објавени кон средината на јануари.
Резултатите од Пимко ги чека и тројката меѓународни кредитори – Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. Од извештајот на Пимко треба да се увиди до колкав степен кипарските банки имаат потреба од финансиска помош, а документот ќе помогне и за одредување на износот на спасувачкиот заем за земјата.
Министерот за финансии на Кипар Васос Сиарлис изјави дека Кипар има потреба од помош од 17 милијарди ерва, а износот на средствата, кои ќе се искористат за рекапитализација на банките ќе биде определен по анализата на Пимко. Кипар во јуни побара меѓународна помош за да го спаси банкарскиот сектор од колапс.