Македонскиот женски ракометен шампион Вардар ја оствари втората победа во регионалната ВРХЛ лига откако на вториот турнир во Копривница ја победи Подравка со 30:19.
На „црвено-црните“ им требаше едно полувреме да влезат во ритам и да најдат решение за играта на домашниот тим. Ина Суслина бранеше одлично, овозможувајќи му на тимот преку брзите полуконтри да реализира лесни голови, и да направиме огромна разлика. Од 14:14 на полувреме откако почна да функционира одбраната, вардарки отидоа на 26:17, а потоа на 28:18.
Ова е втор турнир од регионалната лига, а Копривница е домаќин. Во вториот дуел утре Вардар игра со Будуќност.