Стопирана ирачката офанзива против ИД во Мосул поради големиот број цивилни жртви

Од:

Обединетите нации изразија длабока загриженост денеска од информациите за трагичниот инцидент во битката за ирачкиот град Мосул, во која загинаа голем број цивили.

– Шокирани сме од ова ужасна бројка на жртви, наведе во специјалната изјава Лиз Гранд, хуманитарен координатор за Ирак.

Локалните власти и жителите изјавија во четвртокот дека десетици лица биле погребани под урнатините на разурнати згради по воздушниот напад врз џихадистите од Исламска држава во квартот Ал Агхаварт ал Џадида. Нападот минатата недела предизвика голема експлозија и се уште се вадат тела од под урнатините.

Ирачките владини сили објавија денеска стопирање на кампањата за преземање на западниот дел на Мосул, поради високиот број цивилни жртви.

Над 200 илјади лица ги напуштиле домовите поради битката за протерување на ИД од Мосул.

Офанзивата против ИД во Мосул трае околу шест месеци. Источниот и половина од западниот дел на градот веќе се под ирачка контрола.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак