Ликовен перформанс „Слика за градот“ во Кочани

Од:

Интерактивен ликовен перформанс „Слика за градот“ во реализација на ликовниот уметник Ивана Младеновска од Скопје, која живее и работи во Рабат, Мароко се одржа синоќа на кејот на Кочанска река во организација на националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани.

Пред очите на јавноста во присуство на голем број љубители на ликовната умнетност Младеновска создаде дело кое како подарок ќе остане на градот Кочани.

– Проектот е дел од нашата годишна програма на Ликовното студио при центарот, а е финансиски поддржан од Министерството за култура за оваа година, изјави Александра Димитрова, раковдител на Ликовниот салон при Центарот.

Делото на Ивана Младеновска ќе биде сместено во фоајето на Центарот за култура во Кочани и е почеток на иницијативата за создавање на ликовна галерија во градот на оризот.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска