Средбата на рускиот претседател Владимир Путин со лидерот на француската крајно-десничарска партија Национален Фронт, Марин Ле Пен претставува потврда на политиката на Москва за мешање во европските избори, слично како што тоа се случуваше и кон Доналд Трамп и минатогодишните избори во САД, пишува лондонски „Гардијан“.
Весникот вели дека и Ле Пен и Трамп зборуваат со слична реторика , а и обајцата јавно ја имаат декларирано својата про-руска реторика.
Трамп, во текот на својата изборна кампања зборуваше против единството на ЕУ, додека еврото го означуваше како „орудие на Германија“ за раст на нејзината економија.
Според весникот, целта на руската поддршка за вакви политичари е тие подоцна да работат за нарушување на единството во ЕУ, посебно околу прашањето за укинување на санкциите кон Русија.
Марин Ле Пен веќе од порано ја има поддржано анексијата на полуостровот Крим, а таа не го крие свето воодушевување кон Путин.
Руски хакери открија дека лидерот на Националниот Фронт во 2014 година има примено финансиска помош од Русија за проруска позиција на оваа крајнодесничарска партија, во француската и во европската јавност.
Ле Пен ги демантира ваквите обвинувања, но на средбата со Путин во Кремљ, која претходно никаде не беше најавена, рускиот претседател ја пофалил француската политичарка.
– Вие претставувате европска сила која забрзано расте, и рекол Путин на Ле Пен, според извештаите на руските медиуми, на кои се повикува „Гардијан“, мислејќи притоа на растежот на крајнодесничарските партии во неколку земји во ЕУ.
Речиси сите тие партии, јавно порачуваа да се укинат санкциите кон Москва, воведени од ЕУ и САД, по руската анексија на Крим и интервенцијата во Источна Украина.
Во Москва, Марин Ле Пен тоа го побрзала со борбата со межународниот тероризам, објаснувајќи дека Западот треба да соработува со руските безбедносни служби.