Викендов делови од Аеродром и Центар ќе бидат без вода

Од:

Дел од жителите лоцирани на улицата „Трета македоснка бригада“, „Коста Новаковиќ“ и Алкалоид билка утре од 8 часот ќе бидат без вода.

Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекинот е поради дислокација на водоводна мрежа на улицата „Трета македонска бригада“ спроти „Раде Кончар“. Жителите ќе бидат без вода се до завршување на работите.

В недела поради промена на затворач на улицата „11 Октомври“ бб спроти Собранието на Република Македонија, прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Филип Втори Македонски“ на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до Собранието. Прекинот ќе биде од 8 часот се до завршување на работите.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он