Полицијата трага по напаѓачот на возачот на турскиот амбасадор во Македонија

Од:

Полицијата соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на непознатото лице кое вчера попладне физички го нападна возачот на турскиот амбасадор во Македонија, додека со службеното возило бил паркиран пред македонското Министерство за култура.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:15 часот во Скопје, пред Министерство за култура било паркирано возило „Мерцедес“ со дипломатски таблички од Амбасадата на Турција. Во еден момент дошло непознато лице и се обидело да го извади знамето на Турција од возилото. Откако не успеало во намерата, физички го нападнал О.С. (57) од Скопје, возач на турскиот амбасадор во државава.

Напаѓачот го удрил возачот со тупаница во пределот на главата, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, соопшти МВР во редовниот Билтен.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он