Кривична пријава за насилство за претседателот на ОО на СДСМ Куманово

Од:

СВР Куманово денеска излезе со соопштение во врска со настанот во кој е инволвиран претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, а кој се случи пред три дена во 19:40 часот по завршување на протестниот марш „За заедничка Македонија“ на улицата „Илинденска“ пред зградата на поранешен Комитет.

Во соопштението од СВР се наведува дека при заминување на трактористите кои учествувале на маршот биле пресретнати од 34-годишниот М.К., претседател на општинската организација на СДСМ Куманово кој, како што стои во соопштението се нафрлил на првиот трактор и удирајќи по тракторот управуван од 56-годишниот Р.Ц. од село Пчиња му упатил навреливи зборови. Потоа, М.К се упатил и кон вториот трактор, управуван од 23-годишниот Н.М. од Пчиња и како што стои во соопштението, без никаков повод и причина го навредувал, го повлекол од тракторот и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по телото, нанесувајќи му телесни повреди-контузија на вратната кичма.

Од полициските сужбеници од СВР Куманово се преземени мерки и актвности за расчистување на случајот, при што лицето М.К. е приведен во просториите на СВР, извршено е алкотестирање,при што се утврдени 1,47 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање и расчистување на настанот до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено дело „насилство“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски