Хрватскиот селектор на ракометната репрезентација Славко Голужа денес го објави поширокиот список на играчи кои ќе ја бидат дел подготовките на тимот пред Светското првенство во Шпанија, кое на програмата е на почетокот од следната сезона.
На ЕП во Србија, во последниот натпревар на Хрватска, дошло до расправија помеѓу Балиќ и Голужа, па ова најверојатно е причината поради која тој не е повикан во тимот.
„Неговото изоставување од тимот е моја одлука. Веќе и претходно најавив дека на ова СП ќе искористам и ќе поштедам неколку играчи, а би сакал да видам како Драго Вуковиќ може да одигра на таа позиција, покрај Дувњак“, изјавил Голужа.
„Балиќ сеуште не е дефинитивно отпишан, наскоро се на распоредот и натпреварите од квалификациите за Европското и два натпревари против Унгарија. Ќе видиме што ќе се случи“, дополнил Голужа.