Работилница за воспоставување на организиран пазар на електрична енергија во Република Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ТЕМА Консалтинг Груп.
Како што е најавено на работилницата ќе се обрати и министерот за економија Дритон Кучи.
Работилницата е во рамки на проектот „Техничка помош за воспоставување институционална рамка за национална/регионална берза на електрична енергија“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.