Градоначалникот на Лондон изјави дека заканите за терористички напади се дел од животот во големите градови, пренесуваат британските медиуми.
Садик Кан во изјава за Ивнинг Стандард ги повика жителите на Лондон да бидат внимателни за да може да се спротивстават на опасностите.
Тој откри дека бил буден цела ноќ по терористичкиот напад и дека големите светски градови мора да бидат спремни бидејќи вакви работи се случуваат кога најмалку се очекува.
„Тоа значи дека мора да бидеме внимателни и да имаме полиција која што е поврзана со заедницата. Да бидеме спремни да понудиме безбедност, но и да разменуваме идеи и практики“ изјави Кан.