Лајчак: ЕУ се оддалечува од Западен Балкан

Од:

Идниот претседател на Генералното собрание на ОН Мирослав Лајчак оцени дека Европската унија се оддалечува од Западен Балкан, простор што е природен за неа, а дека тоа се повеќе создава фрустрација меѓу тамошното население.

Од друга страна, тој наведе дека ниту една опција за регионот не претставува реално исполнување на желбите за безбедност, стабилност и економскиот приоритет на граѓаните од Западен Балкан.

Лајчак, кој е министер за надворешни работи на Словачка, смета дека неостварувањето на европските перспективи генерира национализам, а понатаму и „фрагментација со насилни средства“.

Тој наведе дека една од последиците би била миграцијата од регионот, како и отворена врата за миграцијата од регионот на Блискиот и Средниот Исток и Африка.

– Не мислам дека ЕУ, но и Европа во поширока смисла може да си дозволи такво сценарио, нагласи Лајчак во интервју за „Нови магазин“, пренесува Танјуг.

Идниот претседател на Генералното собрание на ОН истакна дека е потребно да им се дозволи на земјите од Западен Балкан наместо перспектива одредена со фиктивни календари, да се инспирираат со започнати процеси, свој сопствен напредок и соодветно надградување.

– ЕУ и нејзините институции мораат повторно да пронајдат зеднички јазик со луѓето, со цел да избегнеме бран на популизам и национализам, кои како цунами ги погодуваат земјите во ЕУ, една по друга. Тоа е најголемиот проблем што мора итно да го решиме, нагласи Лајчак, зборувајќи за внатрешните проблеми на Унијата.

Тој забележал дека постои недостиг на стратешка комуникација меѓу ЕУ и Западен Балкан во поширок контекст и дека е вџашувачки тоа што други актери, со многу помалку вложување, добиваат значаен одѕив на жителите, па и од политичките елити.

Лајчак оценува дека таа појава е последица на неединството во Унијата, различните погледи на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, често мотивирани од краткорочни, внатрешнополитичките цели, без долгорочна визија и препознатливи стратешки интереси кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија