Авторите на книгата „Водич за подобар успех“ врз основа на студиите, кои ги спроведоа дојдоа до заклучок дека отсуството на внимание е главна причина за лошите оценки, а не недостигот на интелигенција.
Во јавноста и во голем број училишта владее мислење дека добрите ученици се интелигенти, а лошите не се.
– Тоа е погрешно, бидејќи за успех е потребно многу повеќе од интелигенција, а за неуспех многу повеќе од недостиг на интелигенција, тврдат детскиот невропсихолог Рон Шомски, педагогот Сузан М. Исласкокс и професорот Роб Бел.
Авторите на книгата „Водич за подобар успех во училиштето“ врз основа на студијата, која ја спроведоа, заклучија дека отсуството на внимание е причина за лошите оценки, а не недостигот на „ум“. Тие појаснуваат со пластичен пример:
„Да ја земеме за пример домашната по математика. Можете да бидете гениј на сите времиња. Тоа е одлично, но ако не напишете домашна, ќе добиете послаба оценка. А за да ја напишете, потребно е многу повеќе од знаење. Морате да планирате и да одвоите доволно време за работа, да ги исклучите екраните, да се фрлите на работа, да останете фокусирани, да не губите концентрација…За тоа се потребни вештини, внимание или фокусирање“.