(ВИДЕО) Димовски: Изборот за претседател од ДПМНЕ не е добар гест на СДСМ, туку такви се правилата

Од:

СДСМ денеска прв пат после изборите, прифати дека се губитничка партија. Изборот на претседател да биде од ВМРО-ДПМНЕ и шесте члена не се добар гест на СДСМ, туку се правила и пракса која што во Собранието функционира 25 години, рече Илија Димовски.

Доколку СДСМ продолжи да го слуша гласот на народот кој протестира на улиците и се додека го прифаќаат фактот дека се губитничка партија на изборите, Собранието ќе функционира. Доколку се обидуваат со постизборна измама односно со редефинирање на државата да воведуваат нови правила и пракси во Собранието на РМ тогаш сите можности остануваат отворени. Излез од кризата може да се постигне само со нови избори, рече Димовски.

Тој кажа дека на конститутивната седница во понеделник ќе се избира само состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, но не и претседател на Собранието.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет