Британската полиција изврши денеска рација во куќа во Бирмингем во врска со нападот во Лондон и приведе неколку лица, јави Скај њуз.
Вооружени полицајци претресле куќа, а биле затворени пет главни приоди кон објектот и неколку други рути во Бирмингем што се во близина.
Медиумот јави дека полицијата не дала коментар за рацијата поради „оперативни причини“.