Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се залага за забрана за влез на патници од Иран и други држави со муслиманско мнозинско население во САД, денеска им го честиташе на Иранците новогодишниот празник Новруз.
Трамп во честитката не спомена за забраната.
– Многу години уживам во пријателство со Американци од иранско потекло кои се една од најуспешните имигрантски групи во новата историја на нашата држава, наведе Трамп.