Трибина за регистрирањето за плаќање на ДДВ на физичките лица кои извршуваат стопанска дејност ќе се одржи денеска во организација на Центарот за даночна политика и Асоцијацијата на економски истражувачи.
На трибината „ДДВ за физички лица – за и против“, како што е најавено, ќе бидат разгледани прашањата за тоа дали е оправдано и физичките лица кои вршат стопанска дејност да бидат обврзници за плаќање на ДДВ, дали ова претставува двојно оданочување, зошто беше намален прагот за регистрација од 2.000.000 денари на 1.000.000 денари и слично.