Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше по телефон со британската премиерка Тереза Меј по денешниот терористички напад во Лондон, соопшти портпаролот на Белата куќа Шон Спејсер.
– Претседателот разговараше со премиерката Меј. Го осудуваме нападот во Вестминистер, што Велика Британија го третира како терористички инцидент и ја поздравуваме брзата реакција на британската полиција, нагласи Спајсер.
Тој го увери Лондон дека може да очекува целосна поддршка од страна на Вашингтон.