Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе претседава на состанокот на владиниот Комитет за вонредни ситуации (ЦОБРА), што се одржува по нападот во Лондон.
Нападот се случи покрај Парламентот на Велика Британија, а британската полиција го третира како „терористички инцидент“.
– Денеска се одржува состанок на ЦОБРА, најави портпаролот на Меј.
За случувањата во Лондон е информиран и американскиот претседател Доналд Трамп, а Стејт департментот соошти дека исто така ја следи ситуацијата и се обидува да открие дали меѓу повредените има американски туристи.
„Скај њуз“ објави дека две лица загинале, а неколкумина се тешко повредени при нападот покрај британскиот Парламент.
Британската полиција соопти дека во „терористичките инциденти“ покрај Парламентот на Велика Британија се повредени неодреден број луѓе и дека се уште е неизвесно дали инцидентите се завршени.
Британската полиција води истрага за случајот.