По нападот пред Парламентот во Лондон, што британската полиција го третира како терористички инцидент, шкотскиот Парламент ја прекина денешната дебата, што се водеше за поддршка на Владата за барање за одржување на нов референдум за независност на Шкотска.
Претседателот на шкотскиот Парламент Кен Мекинтош објави прекин на работата, откако во Лондон беше избоден британски полицаец, а потоа беше застрелан напаѓачот и неколкумина беа повредени пред Вестминистер.
Шкотските пратеници по дебатата требаше да гласаат со цел да одлучат дали ќе и дадат поддршка на Владата за барање за нов референдум за независност.