Македонскиот тенисер Томислав Јотовски по вчерашниот триумф во сингл на фјучрсот во Тунис, денеска победи и во игра на двојки во првата рунда.
Јотовски заедно со Сантијаго Мареска од Уругвај со 6:4 и 6:4 во гемови го совладаа Андреа Борини и Лоренцо Корини од Италија.
Во меч од првото коло денеска настапи и македонскиот тенисер Шендрит Дераи, кој загуби од седмиот носител Шпанецот Пол Толедо Баке со 6:1 и 7:5 во гемови за 80 минути игра.
Јотовски утре го очекуваат два меча (еден во поединечна конкуренција и еден во двојки).