Советот на општина Центар, по четири години ја заврши седницата која на 07.06.2013-та година беше прекината поради вандализмот врз Општината и нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски.
Со 12 гласа „за“ и 11 „против“ беа поништени одлуките за носење на четири урбанистички планови, односно за градбата на катна гаража кај „Никофон“, градбата зад „Рамстор“, градбата на Кондоминас и градежните работи на Кејот на Вардар.
Овие ДУП-ови беа донесени од претходниот состав на советот на општина Центар во 2012-та година.
Александар Тодески