Коалициските сили предводени од САД, кои дејствуваат во Сирија, ќе спроведат истрага за убиството на поголем број луѓе во сирискиот град Рака, соопшти денеска потпаролот на Пентагон.
– Со оглед на тоа дека изведовме неколку напади во близина на Рака, информациите за тоа ќе ги проследиме до нашиот тим кој ќе спроведе натамошна истрага, изјави портпаролот.
Најмалкук 33 лица загинаа во сириската провинција Рака во нападот на коалицијата предводена од САД изведен врз едно училиште, кое се користело како центар за раселени лица, во близина на градот кој беше под контрола на џихадистите, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
„Засега можеме да потврдиме дека се убиени 33 лица, бегалци од Рака, Алепо, Хомс“, се наведува во соопштението на Опсерваторијата.