Пронајден починат исчезнатиот Ј.Ј. од Долно Палчиште

Од:

Седумдесет и седумгодишниот Ј.Ј. од село Долно Паличиште, кој беше пријавен дека исчезнал на 20-ти овој месец, вчера е пронајден починат во во одводен канал во атарот на селото.

Како што соопшти МВР, вчера во 7:45 часот во Полициското одделение Камењане, Б.Ј. (49) син на Ј.Ј. пријавил дека во одводен канал на местото „Пропаст“ атар на село Долно Палчиште го пронашол неговиот татко починат.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Притоа, било констатирано дека нема траги на насилна смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип