Мадридскиот весник „АС“ сензационално тврди дека рекордот на Герд Милер, кој Лионел Меси го урна постигнувајќи 86 гола за една година е во сопственост на замбиски фудбалер, кој во 1972 година постигнал 107 погодоци.
Гудфри Читалу во 1972 година ја тресел противничката мрежа 107 пати тоа во истата календарска година кога рекордот го постигнал Герд Милер. Но ФИФА и замбиската федерација тој рекорд не го признале.
Гудфри загина во 1993 година во авионска несреќа, додека патувал во Сенегал.