Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во својот кабинет го прими и разговараше со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Воутер Пломп.
Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, особено по вчерашната посета на комесарот Хан и европратениците Кукан, Вајгл и Флекенштајн.
Жерновски и Пломп се согласија за неопходноста од чекорите кои мора под итно да се преземат за надминување на политичката криза во која се наоѓа државата.
Потребен е брз и мирен трансфер на власта и итно формирање на влада, за да можат институциите да работат со полн капацитет и да се исполнат неопходните услови и реформи за што поскоро евроатлантско интегрирање на Македонија.
Жерновски и Пломп разговараа за последиците од евентуалното одложување на локалните избори и како тоа ќе се рефлектира врз работењето на општина Центар и останатите единици на локалната самоуправа, се вели во соопштението на Општина Центар.