Северна Кореја планира да продолжи со „усовршување“ на својата нуклеарна и ракетна програма, изјави заменик севернокорејскиот претставник во ОН, Чуе Мион-нам.
– Во момент на толку големи заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја, ние немаме друг избор освен да го продолжиме забрзувањето на нуклеарната и ракетната програма, истакна заменик пратеникот на Пјонгјанг во светската организација.
Тој истакна дека е можно разработување на „предупредувачки прв удар“ и тестирање на меѓуконтинентална балистичка ракета.
Чуе Мион-нам нагласи дека Северна Кореја не се плаши од било какви дејствија на САД во однос на воведување санкции.