Северна Кореја изврши денеска уште едно тестирање на ракета, но тоа било неуспешно бидејчи ракетата експлодирала неколку секунди по лансирањето, наведе американската армија.
Јужна Кореја соопшти дека новото лансирање ракета е извршено од близина на градот Вонсан на источниот брег, но не дадоа повеќе детали. Новото лансирање ракета е извршено три дена откако Северна Кореја потврди за голем напредок во својата програма за развој на ракети.
Во овој месец Пјонгјанг испука четири балистички проектили кои паднаа во води на Јапонија.