Задоволни сме од средбата со еврокомесарот Јоханес Хан со кој во отворена дискусија расчистивме неколку дилеми. Разговаравме за ризиците, ако некој се обиде на сила да решава национални прашања, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ по средбата на Никола Груевски со Јоханес Хан и тројцата европратеници.
ВМРО-ДПМНЕ на Хан му предложиле две можни решенија-Зоран Заев да формира малцинска влада со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ или нови избори.
На прашање што точно разговарале со Хан тој одговори дека еврокомесарот сам ќе одлучи дали ќе даде изјава и ќе каже што разговарале.